Митков го вади Брегенц од калта

Тимот на Брегенц конечно заигра како што треба во австрискиот шампионат и почна да се искачува кон средината на табелата.

Брегенц предводен од некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков, славеше дома против Грац  со 25-23, а десниот бек беше втор стрелец со пет голови.

Тимот на Митков покрај домашниот шампионат, настапува и во Челинџ Купот, а викендов ќе го игра реваншот од второто коло против финскиот ХИФК и ќе брка победа од три погодоци.