Миркуловски и Вецлар „украдоа“ бод против лидерот во Бундес

Филип Миркуловски и колегите од Вецлар во рамки на 12. коло од Бундес лигата се изборија за големо реми против лидерот на табелата, Хановер играјќи 25:25. Ова беше одличен натпревар така што Вецлар може да се пофали и со голем бод.

Првото полувреме го доби фаворитот на овој со 15:12, разлика која ја направи во последните минути од првиот дел. Во продолжението се играше потполно израмнето, на крајот и двете екипи имаа можност да дојдат до победата, но ги поделија подовите. Филип Миркуловски постигна два гола.

Во 12. коло натпревари имаа уште двајца македонски интернационалци во Бундес лигата. Магдебург на Филип Кузмновски оствари нова победа на свој терен, овој пат беше совладан Минден со 31:29, а нашиот репрезентативец немаше бројки зад своето име.

Мартин Томовски и Лудвигсхафен беа високо поразени со 19:27 на гостувањето кај Лемго. Томовски бранеше едно полувреме и забележа четири интервенции.

На другите дуели Фленсбург славеше против Гепинген на домашен терен со 28:22, додека а Фуксе Берлин на гости беше подобар од Нордхорн со 34:24.

Бундес лига, 13. коло

Резултати

Вецлар – Хановер 25:25(12:15)

Магдебург – Минден 31:29(15:11)

Лемго – Лудвигсхафен 27:19(15:6)

Фленсбург – Гепинген 28:22(17:9)

Нордхорн – Фуксе Берлин 24:34(12:18)