Металург ги “отстапи” бековите: Младеновиќ и Додиќ ќе играат во Прва лига!

Тимот на Металург ги заврши обврските за оваа полусезона во Суперлигата, но тројца од неговите ракометари ќе имаат уште активности до крајот на годината.

По левото крило Дарко Кондев, кој настапува и за Тиквеш од Кавадарци на “двојна” во Првата лига, уште двајца ракометари на тимот од Автокоманда ќе играат во оваа конкуренција.

Михајло Младеновиќ и Стефан Додиќ ќе го засилат тимот на Аеродром во потрага по поголема минутажа што ја немаат во Металург, а на прволигашот ќе му помогнат во битката за да обезбеди место во плеј-офот за Суперлигата.