Металург во проблеми, остана без Дупјачанец пред средбите од Купот на ЕХФ

Првиот избор за голот на Металург, Даниел Дупјачанец доживеа повреда во незгоден момент откако денеска на дуелот против Струга во 41. Минута се пожали на болки во бутниот мускул после една интервенција.

Практично тој самиот се повреди бидејќи после еден одбранет удар се обиде на спротивната страна да интервенира и притоа имаше лошо движење после кое остана на паркетот. Докторскиот тим мораше да ја санира повредата, но прегледите ќе покажат колку ќе мора да паузира.

Според првиот впечаток тој ќе биде неизвесен за дуелите од Купот на ЕХФ каде што Металург ќе се бори за пласман во групната фаза.