Металург во вториот дел го скрши отпорот на “помалиот брат”

Тимот на Металург славеше над Металург 2 со убедливи 39-27 во 10. коло од Суперлигата. Вториот тим од Автокоманда успеваше да одржи рамнотежа во првиот дел, додека беше 10-10, а потоа попушти концентрацијата на момците на Игор Котевски.

Тоа го искористија поискусните ракометари од Металург и на пауза се замина со 16-12. Вториот дел мина во комплетна доминација на избраниците на Зоран Кастратовиќ, кои погодија дури 23 пати.

Најдобри стрелци беа Шилегов со седум, како и Лазаревски и Кондев со по шест погодоци. Кај Металург 2 се истакнаа Лазар Додиќ и Лука Стојановиќ со по пет голови.