МВП на 13. коло во Супер машката лига: Даниел Дупјачанец (Металург)

Голманот на Металург, Даниел Дупјачанец, кој во минатото коло остана на второто место е МВП на 13. коло од Супер машката лига.Тој освои убедливо најмногу гласови и со 60 проценти е пред колегите кои беа дел од тимот на колото.

Зад Дупјачанец остана десното крило на Охрид, Бобан Блажески со 12 проценти, а потоа следуваа Дејан Кукуловски (Вардар јуниор, 7%), Мартин Серафимов (Металург, 6%), Иван Димитровски (Пелистер, 6%), Филип Кривокапиќ (Охрид, 5%) и Михаил Аларов (Пролет, 3%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)

11.КОЛО: Милан Поповиќ (Металург)

12.КОЛО: Лука Стојановиќ (Металург 2)

13.КОЛО: Даниел Дупјачанец (Металург)