МВП на 10. коло во Супер машката лига: Христијан Крстаноски (Струга)

Бекот на стружани, Христијан Крстаноски успеа да дојде до победа во гласањето за 10. коло од Супер машката лига во кое тој беше далеку пред конкуренцијата според бројот на освоени гласови.

За Крстаноски гласаа 38 проценти од читателите, а ова беше голема предност во однос на Милан Лазаревски од Металург, кој е втор со 24 проценти од гласовите.

Голманот на Охрид, Јагош Брауновиќ е зад нив со 21 проент, а потоа следуваат Мице Шилегов (Металург, 12%), Мирко Мајиќ (Бутел Скопје, 2%), Стефан Крстевски (Вардар јуниор, 2%) и Мартин Манасков (Охрид, 1%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.

ДОСЕГАШНИ ИГРАЧИ НА КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА, СЕЗОНА 2019/20

1.КОЛО: Стефан Додиќ (Металург)

2.КОЛО: Мартин Серафимов (Металург)

3.КОЛО: Давор Палевски (Работнички)

4.КОЛО: Крсте Андоновски (Охрид)

5.КОЛО: Лука Вујовиќ (Металург)

6.КОЛО: Мартин Карапалевски (Вардар јуниор)

7.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

8.КОЛО: Андреј Митиќ (Металург 2)

9.КОЛО: Иван Тасески (Охрид)

10.КОЛО: Христијан Крстаноски (Струга)