МВП на 1. коло во Супер машката лига: Стефан Додиќ (Металург)

Ракометаротна Металург, Стефан Додиќ имаше одличен стартна сезоната и беше еден од подобрите во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија против составот на Металург 2.

Тој одработи добар натпревар, па покрај тоа што беше меѓу поефикасните успеа и добро да ги проигрува колегите.

Додиќ имаше и одлични бројки во гласањето за играч на 1. коло од Супер машката лига. Убедливо се најде на првото место. Еден од најмладите ракометари во лигата освои 49 проценти од гласовите и на тој начин заврши највисоко на листата.

Зад Додиќ останаа Александар Стојаноски (Струга, 27%), Ивица Илиев (Радовиш,7%), Давор Палевски (Работнички, 5%), Мартин Поповски (Пролет, 5%), Пеце Ѓорѓиески (Радовиш, 5%) и Доне Мајнов (Пролет, 3%).

Редакцијата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможи со вашите гласови да го бирате најдобриот ракометар во секое коло од првиоте дел на сезоната во кој ќе бидат одиграни 18 кола.