Манасков доби признание за добрата форма, се најде во тимот на колото во Унгарија (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, кој настапува во редовите на Веспрем, Дејан Манасков доби ново признание за своите добри игри за шампионот на Унгарија.

Тој е сместен во тимот на колото во шампионатот на Унгарија и се наоѓа во добра конкуренција, а ова е доказ дека неговата форма оди во нагорна линија и дека ова ќе биде одлично за натпреварите кои ќе претстојат на Европското првенство во јануари.

Со кого Манасков е во најдобриот тим од последното коло во првенството на Унгарија можете да погледнете на фотографијата во продолжение.