Македонци има и во Русија: Поддршка за Ристовска и ЦСКА во дербито со Лада (ФОТО)

Македонската репрезентативка Сара Ристовска во новата сезона ги брани боите на рускиот тим ЦСКА Москва, што за неа е втор интернационален предизвик по трансферот од Крим.

Нејзиниот тим денеска го игра дерби дуелот од рускиот шампионат протов Лада Толјати, а на трибините во салата „Игровој“, имаше и македонска поддршка за неа.

Станува збор за македонскиот каратист Емил Павлов, кој во моментов настапува во Премиер лигата во карате во Москва.