Македонски двобој во Данска: Петковска и Митова триумфално против Серафимова

Во Првата Дивизија на Данска, изминатиот викенд имаше македонски двобој во кој се сретнаа екипите на Сондерјиске и Ринкобинг.

Во домашниот тим настапија Сара Митова и голманката Драгана Петковска, додека гостинскиот гол го бранеше Матеја Серафимова.

Сондерјиске славеше победа со 26-24 во натпреварот од 8. коло, па сега има двете екипи имаат по 11 бодови и се наоѓаат на второто и третото место на табелата кои водат во разигрувањето за елитата.