Македонскиот двобој во Австрија го доби Митков

Тимот на Брегенц, каде што настапува некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков славеше во македонскиот двобој во Австрија.

Брегенц на домашен терен го порази составот на Линц со 33-28, чии членови се двајца Македонци – Горан Крстевски и Никола Костески.

Митков даде пет голови за победничкиот тим, а исто толку постигна и Костески за гостинската екипа.