Легендата ќе го замени дресот со костум: Мојсовски дел од новата комисија за спорт на СДСМ

Некогашниот репрезентативец на Македонија, кој ја извршува претседателска функција во тимот на Струга – Наумче Мојсовски, официјално доби партиска функција.

Тој беше избран за претседател на Комисијата за спорт на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Пред неколку седмици, уште еден од македонските ракометари официјално влезе во политичките води. Борко Ристовски беше именуван за специјален советник за спорт на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Тоа значи дека некогашните соиграчи на клупски и репрезентативен план, во иднина ќе бидат одговорни за спорт во двете најголеми македонски партии.