Лазаров и Нант со минималец патуваат на реваншот со норвешкиот Арендал

Тимот на Нант, каде што настапува капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров стигна до минимална победа над норвешкиот тим Арендал.

Во првиот натпревар од третото квалификациско коло во второто по ранг европско натпреварување, Нант едвај славеше со 30-29, откако на полувреме губеше со 12-15.

Лазаров беше трет стрелец во својот тим и постигна четири погодоци од осум обиди. Реваншот кој ќе го даде патникот во групите се игра следниот викенд.