Куманово на максимум, лесно го реши Пелистер

Тимот на Куманово ја продолжи победничката серија во Женската лига и го забележа четвртиот триумф, откако дома славеше над битолски Пелистер со убедливи 42-23.

По 2-2 на стартот, избраничките на Симе Симовски се одлепија на водство со 8-2, а до крајот на првиот дел, предноста порасна на 19-7.

Во вториот дел се измешаа поставите на теренот, но тоа не беше пречка за домашните ракометарки да го одржуваат и да го зголемуваат водството.

Најдобри стрелци во Куманово беа Леонида Гичевска со десет и Ана Шарановиќ со шест голови, додека кај Пелистер се истакна Марија Анчева со осум погодоци.