Кузмановски и Талески се радуваа, Томовски не успеа да го спаси Лудвигсхафен

Вечерва се одиграа три натпревари од Бундес лигата, во кои партиципираа тројца македонски интернаионалци – Филип Талески, Филип Кузмановски и Мартин Томовски.

Талески со Балинген славеше дома против Бергишер со 29-27, а македонскиот репрезентативец не погоди ниту еднаш од двата обиди.

Магдебург со Филип Кузмановски во дербито славеше над Фленсбург со 26-25, а нашиот репрезентативец не доби шанса за  настап.

Мартин Томовски со Лудвигсхафен загуби кај Мелсунген со 26-25, со гол во последните секунди, а македонскиот чувар на мрежата собра четири одбрани за петнаесетина минути на теренот.