Кратко траеше европската авантура на Пелистер – битолчанки елиминирани со 51 гол разлика!

Ракометарките на Пелистер, по поразот од 30 голови разлика во првиот натпревар од третото коло во Челинџ Купот, загубија убедливо и на реваншот од српскиот тим Зајечар.

Србинките славеа со 44-23, а победникот беше решен уште по првото полувреме кога Зајечар обезбеди предност од 15 погодоци, 25-10.

Во краткотрајната европска авантура на битолчанки, најдобри стрелци беа Милосављевиќ со шест голови, а по пет постигнаа Анчева и Талевска.