Костески на ниво, Загреб повторно со пораз

Екипата на Загреб и понатаму не може да фати победнички ритам, а претрпе нов пораз овој пат на гостувањето во Белорусија против Мешков Брест со 29:33 во рамки на СЕХА-лигата.

Мешков Брест беше во предност во поголемиот дел од средбата, а тимот на Загреб успеа само неколкупати да израмни. Според тоа како се движеа работите и не можеше да се дојде до нешто повеќе на овој дуел бидејќи домашните имаа контрола.

После 16:15 на полувреме во вториот дел предоста главно се движеше меѓу два и четири гола и во ниту еден момент немаше опасност за загрозување на бодовите. Ракометрите на Загреб не успеаја да следат, па мораа да се помират со пораз. Мешков Брест славеше со 33:29 и се најде на 2. место со новите три бода.

На овој дуел Ненад Костески доби шанса за да игра и успеа да постигне три гола од четири шута. Во тимот на Загреб најефикасен беше Вистороп со седум гола, додека Мандиќ имаше шест. Во редовите на победничкиот состав седумпати прецизен беше Микита Вајлупов додека по пет гола постигнаа Вјачесав Шумак и Александер Шкурински.