Кил му се одмазди на Порто – во последните секунди Рајнкинд ја замолчи „Драгао Арена“

Порто и Кил одиграа многу интересен и неизвесен натпревар во возвратниот дуел во 8. коло од групата Б. Кил после поразот на домашен терен, успеа да триумфира во Порто со 30:29 и на тој начин да се реаваншира на португалскиот тим.

Покрај тоа што Порто имаше водство во текот на целиот натпревар сепак на крајот се радуваа гостите на овој меч. Натпреварот започна израмнето, се играше гол за гол сè до 20. минута кога Порто за првпат се одлепи на три предност. На полувреме беше 16:14 водство за домаќниот тим.

Порто имаше одличен почеток на второто полувреме кога успеа да нарпави предност од пет гола, пред се заради одличните одбрани на Кинтана. Но Кил имаше одговор и со серија брзи голови веднаш се врати на негативата од првите 30. минути. Во продолжението следуваше израмнета игра која донесе неизвесна завршница.

Порто на минута до крај имаше напад кој не го искористи по што останаа триесетина секунди за Кил. Филип  Јиха искористи тајм-аут за подготовка на последниот напад што донесе резултат. Добро организираната акција Рајнкинд ја реализираше за многу важна победа. Интересно е што ова водство за победа беше прво на натпреварот за Кил.

Најефикасен во составот на Порто беше Итураза Алварез со шест гола, а Бланко постигна пет гола. Одлично издание на голот имаше Кинтана кој одбрани 15 удари. Во составот на Кил, Магнус Ландин со девет гола беше најдобар стрелец, а го следеше Рајнкинд со осум погодоци.