Кизиќ и Кугис блескаа на голот на Вардар – одбранија три седмерци! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ја запишаа третата победа во регионалната СЕХА лига. По поразот од Мотор и победите на Пекинг и Нексе, шампионот во ова натпреварување славеше на гостувањето кај незгодниот Татран Прешов со 22-29, иако во неколку наврати имаше предност и од десет голови.

Меѓу најзаслужните за ваквиот резултат се голманите Артурс Кугис и Марко Кизиќ. Тие запреа вкупно 17 удари на домашните ракометари, а тоа е најдобро остварување на „црвено-црните“ чувари на мрежата оваа сезона во ЛШ и СЕХА лигата.

Кугис и Кизиќ ги одбранија сите удари од седум метри што ги шутираа играчите на Татран. Погледнете ги сите одбранети седмерци….