И вториот тим на Македонија пресилен за Бугарија

После вчерашниот триумф на првиот состав на Македонија над Бугарија на кадетскиот турнир во салата „Автокоманда“ во Скопје денеска до победа дојде и вториот состав, кој се избори за победа од 32:25.

Уште од старт кадетите наметнаа силно темпо и ја презедоа иницијативата. Имаа повеќе од играта и постојано беа во предност. Не дозволија противникот во ниту еден момент да се врати во игра, па беше тешко да се следи ритамот кој беше наметнат. Во таква игра на крајот од првиот дел резултатот беше 17:14 во корист на Македонија.

Вториот дел беше само довршување на задачата така што предноста која што беше направена се одржуваше во добар дел, а во финишот беше и зголемена. Кадетите одиграа добра средба така што на крајот славеа со 32:25 со што надоместија за вчерашниот пораз од Србија. За Бугарија, пак, ова е втор пораз откако вчера загуби и од првиот состав на Македонија со 22:31.

Денеска во првиот меч од програмата Србија ја совлада селекцијата на БиХ со 31:27.