ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа дванаесеттото коло од машката Суперлига?

среден бек - Страхиња Симиќ - Тиквеш
48.29%
десно крило - Ненад Костески - Еурофарм Пелистер
11.99%
голман - Марјан Велков - Тиквеш
11.13%
лев бек - Филип Талески - Вардар
8.56%
пивот - Костадин Петров - Металург
8.39%
лево крило - Мирко Мајиќ - Бутел Скопје
8.05%
десен бек - Златко Хорват - Металург
3.60%

РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ТИКВЕШ – ОХРИД      25:23 ИЗВЕШТАЈ

СТРУГА – РАДОВИШ  24:20 ИЗВЕШТАЈ

ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ            29:31 ИЗВЕШТАЈ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20:38 ИЗВЕШТАЈ

ПРИЛЕП – БУТЕЛ СКОПЈЕ     23:26 ИЗВЕШТАЈ

СКОПЈЕ – ВАРДАР      27:32 ИЗВЕШТАЈ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 12. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Марјан Велков (Тиквеш) – Бранеше одлично во второто полувреме на дерби дуелот против Охрид. Запре три удари од седум метри во серија, а имаше и уште неколку зицер ситуации во кои ги запре противниците.

ЛЕВО КРИЛО: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – На тешкото гостување во Прилеп ги предводеше своите колеги во нападот со ефикасна игра. Беше прв стрелец во победата со седум погодоци.

ЛЕВ БЕК: Филип Талески (Вардар) – Ја одржува формата, а против Скопје имаше четири погодоци. Средбата беше многу потешка од очекувањата.

СРЕДЕН БЕК: Страхиња Симиќ (Тиквеш) – Тимот на Тиквеш го доби дерби дуелот против Охрид, а во оваа победа покрај голманот Велков, одлична партија имаше и Симиќ, кој седумпати погоди во голот на противникот.

ДЕСЕН БЕК: Златко Хорват (Металург) – Тимот на Металург забележа голема победа против Пролет, а во овој триумф Златко Хорват имаше дури 12 погодоци. Беше лидер на малкуте играчи кои беа на теренот на овој дуел.

ДЕСНО КРИЛО: Ненад Костески (Еурофарм Пелистер) – Имаше ефикасен натпревар против помладите колеги од Еурофарм Пелистер 2. Дури десетпати погоди во голот на противникот.

ПИВОТ: Костадин Петров (Металург) – Мораше да одработи 60 минути на пивотменската позиција. Покрај играта во одбрана, во нападот помогна со пет погодоци во победата на гостувањето кај Пролет.