Зорман за 24 Ракомет ТВ: Вардар играше супер, трпеливо, не успа со нивната игра

Помошникот на Талант Душебаев, Урош Зорман после средбата против Вардар на која беше обезбедено реми од 28:28 го даде своето видување за она што беше прикажано на теренот.

Тој вели дека поделбата на бодовите е најреална, но во исто време и дека и двете екипи можеле да дојдат до победа.

„Не очекувавме Вардар да почне да игра со седум ракометари во напад. Одиграа супер, трпеливо и не успаа малку со нивната игра во напад. Штета што на крајот не успеавме да извлечеме уште еден бод. Сепак, мораме да бидеме задоволни бидејќи дома се враќаме со бод“, изјави Зорман за 24 Ракомет ТВ.