Загреб беше блиску до изненадување во Германија, но попушти во финишот

Во првиот натпревар од 4. коло во Лигата на шампионите, Флензбург на домашен терен го совлада Загреб со 20:17. Домашниот состав, во натпревар со малку голови потешко од очекувањата стигна до нова победа.

Натпреварот почна неефикасно на двете страни. Во првите пет минути и двете екипи имаа промашувања и почетниот резултат стоеше на семафорот сè до 6. минута кога Загреб поведе. Гостите имаа одлични 25 минути и водство од четири гола, 10:6. Во последните пет минути Флензбург направи серија од 4:0 за израмнети 10:10 по првиот дел.

Од почетокот на вторите 30 минути повторно Загреб имаше предност, но само минимална, која брзо беше стигната од шампионот на Германија. Гостите во продолжение имааа кризен период во кој не успеаја да постигнат гол цели десет минути, но и покрај тоа беше израмнето.

Во 46. минута Храстник погоди од крило за нерешено 14:14, а веднаш потоа и Бичаниќ за повторно водство на екипата од Хрватска. Следуваше серија од 4:0 на Флензбург со која поведе со 18:15 во 55. минута што беше одлучувачко за победникот на натпреварот. До крајот успешно беше сочувано водството за трета победа и привремено искачување на врвот на табелата.

Во победничкиот тим Јоханес Гола постигна пет гола и беше најефикасен, а погоди четирипати. За составот на Загреб, Златко Хорват погоди петпати, а Хрстник беше втор стрелец во својот тим со три гола. Голманите на двете екипи имаа одлична вечер, Буриќ на голот на Флензбург собра 14 интервенции. На другата страна Ристановиќ имаше 11 одбрани.