Женска лига: Најдобрите пет чекаат нови победи

Во 10. коло од Женската лига првите пет екипи, кои во досегашниот дел од сезоната покажаа најмногу се фаворити за нови триумфи. Се очекува да нема поголем проблем да се обезбедат нови бодови со оглед на тоа што се во далеку подобра форма.

Металург е домаќин на Ѓорче Петров, Куманово гостува кај Овче Поле, Вардар кај тимот на Гевгелија, додека Чаир гостува кај составот на Алушовски. Стружанка пред своја публика ќе игра против Кузман Вардар Илинден.

ДВОЈКИ ЗА 10. КОЛО

САБОТА, 9 НОЕМВРИ

10:30ч

АЛУШОВСКИ – ЧАИР

Сала: „Форца“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

16:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – КУМАНОВО

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

МЕТАЛУРГ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

НЕДЕЛА, 10 НОЕМВРИ

12:30ч

СТРУЖАНКА – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

13:00ч

ГЕВГЕЛИЈА – ВАРДАР

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

СРЕДА, 13 НОЕМВРИ

19:00Ч

ДЕСПИНА – ПЕЛИСТЕР

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Игор Станојоски од Кичево.

СПАРТАК е слободен

ТАБЕЛА: 1. Металург 24 бода (308:147); 2. Куманово 24 (284:166); 3. Вардар 18 (265:174); 4. Стружанка 18 (265:221); 5. Чаир 18 (239:208); 6. Деспина 15 (224:245); 7. Спартак 11 (236:258); 8. Пелистер 8 (225:270); 9. Гевгелија 7 (178:247); 10. Ѓорче Петров 6 (166:234); 11. Алушовски 4 (201:277); 12. Овче Поле СУ 3 (189:223); 13. Кузман Вардар Илинден 3 (194:304).