Еурофарм Работник немаше сили за изненадување во Лисабон

Ракометарите на Еурофарм Работник загубија шести пат во Лигата на шампионите, откако беа поразени на гостувањето кај Спортинг Лисабон со убедливи 36-26.

Неизвеснота траеше десетина минути, кога беше 6-6 со голот на Бојан Маџовски. Потоа Спортинг се одлепи на плус три, 9-6 и до крајот на полувреме избраниците на Тјери Анти направија солдина залиха од шест погодоци, 17-11.

Во вториот дел “фармацевтите” за момент се вратија во натпреварот и намалија на достижни четири разлика, 19-15, но немаа сили за комплетен камбек.

Избраниците на Стевче Алушовски лесно погодуваа во нападот, но оставаа премногу дупки во одбраната и одличниот Митревски најчесто беше оставен сам не себе.

Завршницата беше рутинско одработување на задачата за Спортинг и на крајот славеше со 36-26. Најдобри стрелци кај победникот беа Руесга и Роча со по шест погодоци, додека кај Еурофарм се истакнаа Остроушко и Јотиќ со по осум, додека Митревски имаше 15 интервенции.