Еурофарм заврши со ЛШ, но Остроушко ќе презими како најдобар стрелец во елитата (ФОТО)

Левиот бек на Еурофарм Работник, Владислав Остроушко и по десет кола во Лигата на шампионите е на врвот на листата на стрелци. Украинецот на десет одиграни натпревари постигна 65 гола.

Со оглед на тоа што битолскиот состав е елиминиран сигурно до крајот на сезоната неговото достигнување ќе биде надминато, но засега е лидер.

На второто место е играчот на ГОГ, Емил Јакобсен кој има постигнато 59 гола, а на третата позиција е уште еден играч од состав која го заврши натпреварувањето во ЛШ за сезонава. Се работи за Тему Таминен од Кокс кој постигна вкупно 58 гола.

На листата во првите 20 се најде уште еден играч од претставниците од Македонија во Лигата на пампиони, а тоа е Тимур Дибиров. Левото крило на Вардар има постигнато 53 гола и од шестата позиција падна на осмата.