Едниот легенда, другиот перспектива: Стоилов и Кизиќ победнички со Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар ја забележа четвртата победа во Лигата на шампионите, откако го совлада белорускиот првак Брест Мешков со 36-31. Одличен настап имаше предводникот на Вардар оваа сезона Денис Криштопанс, кој постигна 9 погодоци, Чупиќ постигна 7, додека Скубе 6, но оваа вечер помина во знакот на пивотот на македонската ракометна репрезентација Стојанче Стоилов. Популарниот ракометар со број 5 уште на самиот почеток покажа дека му недостасувал ракометниот терен. Голови, исклучувања, блокови и асистенции за македонскиот репрезентатвец во првиот натпревар кој го одигра (во напад) откако се врати на терените по операцијата на коленото.
Ако игрите на Стоилов веќе се стандардни вести, убаво беше да се гледа одбраната на Вардар со Марко Кизиќ на голот во последните 15 минути од натпреварот. Младинскиот репрезентативец на Македонија втора сезона работи со тренерот Периќ во Вардар, но сега треба и мора да добие поконкретна улога во тимот, особено што неговите колеги се далеку од врвно ниво, потребно за натпреварите во Лигата на шампионите. Младиот голман покажа дека е рамо до рамо, ако не и поквалитетна опција од неговите постари колеги, а на Вардар му даде зрак надеж дека можеби и има иднина во младинскиот погон на нивната академија… Искуството се создава само со играње на квалитетни натпревари!

[WRGF id=112732]