Душебаев: Од мој аспект, ние денеска загубивме бод во Скопје

После осум натпревари на кои Келце победи петпати, а Вардар обезбеди три триумфи еден дуел заврши со нерешен резултат од 28:28. Од овој дуел тренерот на Келце, Душебаев исто како и неговиот колега Кокшаров колку што може да биде задоволен може и да биде разочаран.

„Им честитам на двата тима за прикажаното бидејќи беше одличен натпревар. Особенбо за тимот на Вардар бидејќи одиграа важен натпревар пред своја публика, а им недостигаа голем број играчи. Чувствувам дека ние загубивме бод бидејќи од мој аспект Вардар освои бод. Игравме против екипа која играше со крила на бек, но голманот н Вардар имаше одлична поддршка од голманот кој имаше 6-7 одбрани само во вториот дел“, рече тренерот на Келце, Талант Душебаев.

Тој ќе има што да работи со своите момци следните денови бидејќи денеска беше изненаден од својот колега, а на вториот меч сигурно ќе биде поинаку.