Добрите партии не останаа незабележани: Ѓорѓески уште една година во Будакалаш

Македонскиот чувар на мрежата Даниел Ѓорѓески и во следната сезона ќе настапува во унгарскиот шампионат.

Тој ова лето го започна првиот интернационален предизвик во Будакалаш и остави одличен впечаток.

Одличните партии беа повод за раководството на унгарскиот тим да му понуди продолжување на соработката.

Ѓорѓески ја прифати понудата за нов договор и ќе остане во Будакалаш и во наредната сезона.

Будакалаш во првенството се наоѓа на делба на петтото место со Татабања и НЕКА со 12 бодови, но ниту третопласираниот Балатонфуреди со 17 бода не е недостижен.