Дисингер ја обнови повредата, повторно неизвесен за Келце

Левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер одигра неколку минути против Мотор Запорожје, но мораше брзо на клупата. Тој ја обнови старата повреда на зглобот и повторно е неизвесно дали ќе може да игра против Келце во Лигата на шампионите.

„Се работи за стара повреда. Не знаеше за колку незгодна повреда сега се работи. Утре ќе знаеме точно. Тој ќе патува за Полска и ќе биде во составот, но дали ќе може да игра и колку ќе може ќе знаеме в сабота на лице место“, изјави Кокшаров на пресот после дуелот против Мотор.

Дисингер заедно со Кристопанс не настапи на првиот дуел против Келце во саботата. И двајцата беа во состав, но целиот меч го преседоа на клупа. Неизвесно е уште и дали и Кристопанс ќе може да помогне, но тој денеска одмораше и би требало да може да игра.