Денковски броеше до 19, Куманово им се врати на победите

Ракометарите на Куманово во 10. коло од групата 1 во Првата машка лига триумфираа на свој терен против екипата на Риниа со 37:21.

После поразот на гостувањето во Прилеп и ремито против Вардар Неготино составот на Куманово се врати на победите. На дуелот со Риниа кумановци беа подобар противник во текот на целиот натпревар иако гостите добро се држеа во првиот дел кога имаа негатива од 15:12.

Во продолжението кратката клупа на Риниа имаше голема улога за високиот пораз. Куманово го скрши противникот во вториот дел, клучната разлика беше направена со серијата од 8:0 на домаќините. На крајот Куманово забележа победа со многу убедливи 16 гола разлика.

Извонреден настап за Куманово имаше Новица Денковски кој беше најзаслужен за убедлвата победа со 19 гола, а Клековски, Цветковски и Петрушевски постигнаа по четири. Во тимот на Риниа најрасположен беше Орхан Емини со осум погодоци.