Денеска на терените: Вардар против Еурофарм Пелистер за првиот трофеј во новата сезона

Со натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер стартува новата сезона, а тоа е двобој од Супер купот на Македонија. Денеска ќе има надигрување во СЦ „Борис Трајковски“ за пехарот со што ќе се види кој состав е подобро подготвен за натпреварите во новата сезона.

Овој натпревар почнува од 19 часот, а тоа е терминот кога ќе може да се види најдоброто од двете екипи и да се види со што ќе располагаат во новиот шампионат.

Покрај овој дуел денеска на терен одново ќе бидат и кадетките во Литванија. Тие од 16 часот ќе имаат пресметка со составот на Шпанија, а ова е средба која ќе биде максимално важна бидејќи може да ги донесе до првото место во групата доколку успеат да победат.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНОТ

12:00ч

ПОЛСКА – ЛЕТОНИЈА (ЕХФ шампионат за кадетки)

14:00ч

ЧЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП за кадетки)

СЛОВЕНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА (ЕП за кадетки)

БЕЛОРУСИЈА – ИСЛАНД (ЕХФ шампионат за кадетки)

16:00ч

МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА (ЕХФ шампионат за кадетки)

ФРАНЦИЈА – СЛОВАЧКА (ЕП за кадетки)

ШВЕДСКА – АВСТРИЈА (ЕП за кадетки)

18:00ч

ХРВАТСКА – ЦРНА ГОРА (ЕП за кадетки)

ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА (ЕП за кадетки)

ЛИТВАНИЈА – КОСОВО (ЕХФ шампионат за кадетки)

19:00ч

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (Супер куп на Македонија)

20:00ч

РОМАНИЈА – НОРВЕШКА (ЕП за кадетки)

РУСИЈА – ДАНСКА (ЕП за кадетки)