Горбиц оперирана, но ќе се врати за вториот дел од Лигата на шампионите

Капитенот на екипата на Ѓер, Анита Горбиц ќе биде надвор во следните четири до шест недели, а ова значи дека би требало да се врати навреме на терените за вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Поради проблеми со коленото таа мораше да биде подложена на хируршка интервенција за да се санира повредата. Сè е во најдобар ред, а операцијата била извршена во Ѓер така што веќе почнува рехабилитацијата.

Таа почнала да чувствува болки на почетокот на овој месец, а докторскиот тим на клубот се обидел со масажи и со лекување да ги намали болките. Откако истите не се намалиле морало да се преземе поинаков чекор и со операција да се решат проблемите.

Артроскопијата на десното колено покажала дека нема посериозна штета на коленото така што ќе може да се врати брзо. Очекувањата се до крајот на оваа година да биде на терен или во првата недела од 2020 година.