Гогов: Пресуди искуството на Нексе, тоа се гледа и од резултатот

Голманот на Вардар, Васил Гогов, кој блесна на последните неколку средби денеска не можеше да биде на истото ниво со оглед на тоа што тој и колегите се соочија со многу поискусен состав на спротивната страна. Нексе славеше со 42:26, но за младите вардарци ова беше средба за големо искуство.

„Им честитам на играчите на Нексе за победата, но и за фер и коректната игра. Дадовме сè од себе на теренот и се обидовме за извлечеме максимум на овој натпревар. Сепак, на крајот решаваше искуството кое е на страната на Нексе. Тоа може да се види и од резултатот на крајот од натпреварот. Просечната возраст на денешниот тим е околу 19-20 години така што ова беше меч за големо искуство. Играме заедно во Супер лигата, но за овој тим во ваков состав ова е прв натпревар на меѓународна сцена“, изјави Гогов.

Ова беше последен натпревар од групната фаза, па сега останува утревечер да биде затворена 2019 година во СЕХА лигата и да бидат формирани осминафиналните двојки.