Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Војводина и Вардар (ЛИНК)

После средбите од 10. коло во Лигата на шампионите двете екипи од Македонија кои сезонава играат во СЕХА лигата се враќаат на дуелите од регионалното натгпреварување. Денеска им следат нови пресметки и ќе биде доста интересно.

Тимот на Еурофарм Работник денеска го пречекува составот на ППД Загреб во Битола. Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:15 часот

Вардар гостува во Нови Сад каде што „црвено-црните“ би требало да влезат со улогата на фаворити на теренот. Сепак, Војводина знае да биде незгодна особено дома, па затоа ќе биде доста интересно. Вардарци ќе мора да го кренат нивото доколку сакаат позитивен епилог на овој меч.

Овој натпревар се игра во „Слана Бара“ со почеток во 20:45 часот , а може да го гледате на следните ЛИНК 1, ЛИНК 2.