Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Македонија и Кувајт (ЛИНК)

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го завршува неславниот настап на Медитеранските игри, кои во изминатите шест дена се одржуваат во главниот град на нашиот јужен сосед.

Избраниците на Никола Матлиески го имаат последниот натпревар против селекцијата на Кувајт, на кој максимална победа би им го гарантирала 10место во конечниот пласман.

Натпреварот меѓу Македонија и Кувајт започнува во 09:45 часот, се игра во спортскиот центар „ОАКА“, а може да го гледате на следниот ЛИНК.