Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер – АЕК (ЛИНК)

Екипата на Еурофарм Пелистер после двете победи на турнирот во Атина денеска има нов обид за да дојде до триумф, а тоа би значело и трофеј. Ривал е домаќинот АЕК и тоа е натпревар кој дефинитивно многу ќе го привлече вниманието.

Тимот од Битола е во добра форма и ова ќе биде само нов тест за да се види до каде е формата во моментов. Досега сè оди одлично, а сега ќе треба сето тоа да се потврди и против домаќинот.

Ова е последен натпревар на турнирот во кој победникот на истиот ќе дојде и до пехарот што е одличен поттик за натамошна работа.

Денешниот дуел за трофејот во Атина можете да го следите на следниот ЛИНК.