Ги немаше Кристопанс и Дисингер, но хероите на Вардар се бореа и за нив (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[unitegallery varkelce]

Вардар имаше херојска вечер во „Јане Сандански“ бидејќи со само 7-8 ракометари се бореше против моќниот тим на Келце. Во своите редови ги немаше Даинис Кристопанс и Кристијан Дисингер, кои целиот меч го проследија од клупата. Горпишин не можеше повеќе од пет минути, Атман кој се врати после повредата 2-3 пати го напушташе теренот после добиени удари. Ниту Калараш не беше поштеден во големата битка, па ова беше дефинитивно вечер за паметење. На крајот резултатот е 28:28, а бодот е голем бидејќи е освоен во еден вака тежок натпревар.