Ги менуваат како чорапи: ЧСМ Букурешт повторно остана без тренер!

Веројатно женскиот тим на ЧСМ Букурешт е рекордер по број на сменети тренери во поново, а доколку се сметаат и промените во нивниот машки тим, тогаш веројатно на тимот од романската метропола никој не му е рамен.

Сезоната во женската Лига на шампионите се уште не е почната, а ЧСМ остана без тренер. Швеѓанецот Томас Риде наводно заминал поради лични причини, но романските медиуми пишуваат дека проблемите се од финансиска природа.

Ракометарките и стручниот штаб не земале плата веќе два месеци, а скандинавскиот тренер веројатно не знае како функционираат работите на балканските простори.

Негова замена ќе биде досегашниот помошник Адриан Василе. ЧСМ Букурешт на 6 октомври го чека гостување кај данскиот Есбјерг во првото коло од Лигата на шампионите. Во домашниот шампионат веќе можат да се збогуваат со титулата, бидејќи по пет кола, имаат два порази за разлика од првакот Валчеа, кој ги победи сите ривали.