Вујовиќ: Во Битола ќе биде далеку од лесно…

Тимот на Еурофарм Работник денеска го игра натпреварот од регионалната СЕХА лига против хрватскиот шампион Загреб.

И двете  екипи играа натпревари  од Лигата на шампионите изминатиот викенд, битолчани славеа против Бидасоа, а „плинарите“ загубија кај ПИК Сегед. Тренерот на Загреб, Веселин Вујовиќ….

„Мечот денеска ќе биде клучен за нас во обидот да го завршиме регуларниот дел од СЕХА на добра позиција. Еурофарм е добар тим, па нашата задача во Битола немаа воопшто да биде лесна. Тие сигурно ќе бидат мотивирани по тренерскатасмена. Како и да е, мораме да одиграме најдобро за  да се вратиме со бодови, пред трите  домашни меча со Спартак, Мешков Брест и Веспрем“, изјави Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Загреб се игра денеска во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:15 часот.