ВО ФОКУСОТ НА ЕХФ: Карачиќ се врати дома (ВИДЕО)

По седум сезони поминати во Вардар, Игор Карачиќ летово се пресели во полскиот шампион Келце и за првпат се врати во Скопје како ривал.

Емотивните моменти пред стартот на мечот и овациите од публиката што ги доби Хрватот, беа во фокусот на медиа тимот на ЕХФ.

Карачиќ доби подарок дрес од капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, а средниот бек по емотивниот пречек, призна дека не одиграл на неговото ниво.

Погледнете како ЕХФ го одбележа овој момент ТУКА.