Веспрем ќе игра пет меча за седум дена!

Унгарскиот шампион Веспрем ќе има напорен распоред во следните месец дена. Покрај последните кола од Лигата на шампионите, тимот на Давид Дејвис ќе игра и во домашниот шампионат и во регионалната СЕХА лига.

По гостувањето кај Вардар на 1 декември, за Веспрем ќе следат уште пет натпревари до крајот на полусезоната. Тие ќе бидат одиграни за седум дена.

Најпрво Веспрем го чека дербито од унгарскиот шампионат со ПИК Сегед, потоа уште еден домашен дуел и три натпревари од СЕХА лига. Дејвис има на располагање многу играчи, па нема да му биде проблем да ги ротира на сите натпревари.

Распоред на натпревари на Веспрем:

07 декември, Веспрем – ПИК Сегед, унгарска лига
09 декември, Веспрем – Мезоковешд, унгарска лига
11 декември, Веспрем – Еурофарм Работник, СЕХА лига
13 декември, Металопластика – Веспрем, СЕХА лига
14 декември, Загреб – Веспрем, СЕХА лига