Веспрем доаѓа во Скопје со Штербик, Борозан, Мораес…побрзајте и набавете билет!

Од вчера во продажба беа пуштени поединечните билети за последниот домашен натпревар на Вардар годинава во Лигата на шампионите против унгарскиот гигант Веспрем.

Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ и онлајн преку www.ticketplus.mk Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за 1 декември во од 17:00 часот.

Цените на поединечните билетите за натпреварот со Веспрем се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Претходно, вардарци ќе одработат уште една задача и ќе одат на незгодно гостување кај составот на Мешков Брест.