Вардар Неготино со победничко селфи во Кисела Вода

Екипата на Јуниор Кисела Вода беше поразена од Вардар Неготино на домашен терен со 22:26 во 12. коло од групата 1 во Првата лига. Со овој пораз Јуниор КВ се одалечува од лидерот Астраион и борбата за плеј-оф зад кој сега задоцнува четири бода.

Првото полувреме се играше изедначено со минимални водства на двете страни, а по 30 минути игра беше нерешено 11:11. Вториот дел домаќините го започнаа подобро имаа предност во почетните минути, но гостите од Неготино брзо израмнија. Неизвесноста продолжи до завршните минути од мечот кога Вардар Неготино подобро се снајде, ги искористи шансите што ги доби во моментите кога се решаваше победникот и стигна до нова победа.

По победата минатото коло над водечкиот Астраион, Вардар Неготино продолжи со одличните игри и славеше над уште еден кандидат за плеј-оф. Предвнодник во победата беше Драган Кузманов со осум гола, а пет постигна Мирослав Митевски. Во екипата на Јуниор КВ најдобар стрелец беше Кире Башевски со осум погодоци.

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ВАРДАР НЕГОТИНО 22:26(11:11)

Сала: Круме Кепески во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Маријан Огњановски од Скопје.

ЈУНИОР КВ: Костадинов, Витанов 2, Благопетров 1, Крстевски, Јордановски, Чапов, Трајковски 5, Јаховиќ 2. Костадинов, Крстов, Башевски 8, Тодоров 2, Атанасовски, Трајчевски, Дабевски, Затарковски.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 миин.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Ташев 4, Трпевски, Кузманов 8, Ивановски, Трајковски, Митевски 5, Ристов 1, Недев, Ивановски, Ѓорѓев, Трпески, Јефремов, Којев 4, Вељанов 4, Најдов.

Седмерци: 6/8. Исклучување: 4 мин.