Вардар и Фуксе Берлин останаа со празни раце: Шкуринскиј останува во Мешков Брест!

Рускиот репрезентативец Александар Шкуринскиј, кој ги брани боите на белорускиот првак Мешков Брест и кој беше на радарот на Вардар и на Фуксе Берлин, ќе остане во Белорусија.

Левиот бек го продолжи договорот со Мешков на уште една сезона, а веќе ја игра третата во тимот кој годинава тешко дека ќе стигне до осминафиналето на Лигата на шампионите.

Покрај Шкуринскиј, Мешков Брест ги обнови договорите  со уште двајца ракометари од актуелниот ростер на екипата.

Станува збор за голманот Иван Мацкевич и пивотменот Артем Селвасјук, кои се обврзаа на двегодишна верност со белорускиот првак.