Вардарци два дена пред мечот патуваат за Келце – лет до Варшава, па автобус до крајната дестинација

Ракометарите на Вардар по утринскиот тренинг, ќе заминат на патување до полскиот град Келце, каде што ќе го одиграат натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ во 17:10 патуваат од Скопје до Варшава со авион, а во полската метропола би требало да пристигнат во 19:20 часот.

По завршувањето на сите аеродромски формалности околу 20:00 часот со автобус ќе тргнат до Келце, а на крајната дестинација би требало да пристигнат еден час пред полноќ.

Утре на местото на одигрување на натпреварот со Келце, ќе биде одржан еден тренинг, а дуелот се игра в сабота од 18:00 часот.