Џиновскиот цепелин во трка за гол на декември во СЕХА (ВИДЕО)

Десниот бек на Вардар, Даини Криштопанс го имаше потегот на мечот против Металург одигран пред две недели, а тој цепелин се најде и во изборот за најубав погодок на месец декември.

Криштопанс се наоѓа во друштво со уште четворица други ракометари и ќе биде во трка за најубавиот погодок во месецот.

Ова е само уште едно признание за одличната сезона на Вардар и неговите ракометари така што не е никакво изненадување што Криштопанс се најде во трка за погодок на месецот.