Ќе има спектакли во Скопје: Лазаров, Ристовски и Талески ќе му гостуваат на Вардар

Ракометарите на Вардар ги добија противниците во сезоната во која ќе се обидат да ја одбранат титулата што ја освоија на завршниот турнир во Келн. Ждрепката сакаше европскиот првак да биде сместен во групата А.

Таму се полуфиналниот противник од Келн, Барселона, која сигурно ќе бара одмазда за поразот на Ф4. Потоа унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, против кој вардарци секогаш играат одлично. Тука е и незгодниот вицепрвак на Полска, Висла Плоцк, против кој Вардар секогаш играл неизвесни натпревари.

Уште три тима, против кои лани играше македонскиот шампион, Загреб, Рајн Некар и Кристијанштад, повторно ќе гостуваат во Скопје, а последниот противник на избраниците на Раул ќе биде францускиот Нант, каде од лето ќе игра капитенот на македонскиот национален тим, Кире Лазаров.

Група А
Барселона
ПИК Сегед
Вардар
Висла Плоцк
Рајн Некар
Кристијанптад
Нант
Загреб

Група Б
Веспрем
Целје
Киелце
Брест Мешков
ПСЖ
Фленсбург
Кил
Алборг

Термини за играње на натпреварите од групната фаза
1. коло – 13-17.09.2017
2. коло – 20-24.09.2017
3. коло – 27.09-01.10.2017
4. коло – 04-08.10.2017
5. коло – 11-15.10.2017
6. коло – 01-05.11.2017
7. коло – 08-12.11.2017
8. коло – 15-19.11.2017
9. коло – 22-26.11.2017
10. коло – 29.11-03.12.2017
11. коло – 07-11.02.2018 (А+Б)
12. коло – 14-18.02.2018 (А+Б)
13. коло – 21-25.02.2018 (А+Б)
14. коло – 28.02 -04.03.2018 (А+Б)