Ќе има Македонец во финалето на Лигата на шампионите: Вардарци го добија првиот противник во Келн (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот првак за противник го доби својот прв противник на Фајнл Фор турнирот во Келн. Вардарци против Барселона ќе се обидат да дојдат до сензација. Во клубот мирно го проследија ждребувањето на ЕХФ, а меѓу четирите екипи нема слаби противници.

Дел од „црвено-црните“ заедно со новинарите во прес -центарот на „Јане Сандански“ го следеа преносот на ЕХФ, а во тивката атмосфера најгласни во своите реакции беа медиумите. Македонија ќе има свои претставници во финалето на Лигата на шампионите откако Барселона на Кире Лазаров и Борко Ристовски ќе се соочи со Вардар предводен од капитенот Стојанче Стоилов.